Селин Дион се враќа на музичката сцена со моќна балада. 45-годишната дива во целост ја објави „Loved Me Back to Life“.
Песната е напишана од Сиа, талентираната Австралијка која стои и зад текстот и мелодијата на хитот „Diamonds“ на Ријана.
„Бев отсутна шест години. Имаше моменти кога си помислував: Дали луѓето ќе пишуваат песни за мене? Оставена сум на милоста и немилоста на песните, бидејќи не ги пишувам. Но, не можев да поверувам што слушам. Не се обидувам да се променам, не сакам луѓето да си помислат: Ова е целосно нова Селин. Но, сум на место во кариерата кога имам 45 години, сум во зенитот на животот и никогаш не сум се чувствувала вака. Сакам да се забавувам“ – изјавила Дион.
„Loved Me Back to Life“ е дел од истоимениот албум на Селин кој ќе излезе во ноември. Ова е првиот нејзин англиски албум по „Taking Chances“ од 2007 година.