Ако некој може да направи квалитетна пародија на песните на Лејди Гага, тоа е легендарниот Ал Јанкович. И за голема радост на многумина, токму тоа се случи.
„Откачениот Ал“ реши да се пошегува со актуелната „Born This Way“ и ја претвори во „Perform This Way“.
За да ја вклучи на својот нов албум, Ал побарал одобрување од Гага, но нејзиниот менаџер го одбил. Откако илјадници фанови го изразија големото незадоволство што Лејди Гага не го дала своето одобрување, TMZ објави вест дека всушност имало недоразбирање и дека Гага го дала своето „Да“. Оправдувањето беше дека менаџерот сам ја донел одлуката и дека воопшто не се консултирал со 25-годишната пејачка.
Како и да е, песната е тука. Текстот е многу интересен и добро прифатен од публиката. Сите се во очекување на спотот.