Почетна » Новости » Музика » Најгледаните музички спотови на YouTube за 2010

Најгледаните музички спотови на YouTube за 2010

Џастин Бибер доминира на YouTube. Освен што спотот за неговата песна „Baby“ е најгледаниот спот на сите времиња, дури уште три негови спотови се најдоа на листата на YouTube за најгледани музички спотови оваа година.

Друга ѕвезда која најмногу привлекува внимание со своите спотови е Еминем. Неговите спотови за супер дуетот со Ријана „Love the Way You Lie“ и „Not Afraid“ се гледани повеќе од 400 милиони пати.

Од дамите, Ријана и Шакира оваа година имаа спотови кои успеаја да се искачат во првите пет најгледани. Тоа се спотовите за „Waka Waka“ и „Rude Boy“.

Сепак, Лејди Гага останува да биде кралица на YouTube и е прогласена за единствениот изведувач кој добил повеќе од милијарда клика. Оваа година две музички видеа на ексцентричната пејачка се најдоа во топ 10. Се работи за спотовите за „Alejandro“ и дуетот со Бијонсе „Telephone“.

Потсетете се уште еднаш на спотовите кои ја одбележаа годината што изминува.

1

Baby

Justin Bieber ft. Ludacris

2

Waka Waka

Shakira ft. Freshlyground

3

Love The Way You Lie

Eminem ft. Rihanna

4

Not Afraid

Eminem

5

Rude Boy

Rihanna

6

Never Say Never ft. Jaden Smith

Justin Bieber

7

Justin Bieber

Never Let You Go

8

Alejandro

Lady Gaga

9

Somebody To Love Remix

Justin Bieber ft. Usher

10

Telephone

Lady Gaga ft. Beyoncé

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20786 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.