„Señorita“ несомнено ќе биде меѓу летните музички хитови, а спотот за истата уште повеќе ѝ ја зголемува популарноста.
Видеозаписот за заедничката песна на Шон Мендес и Камила Кабејо за само неколку дена достигна над 80 милиони прегледи на YouTube.
Во видеото, славните музичари танцуваат заводливо и си разменуваат нежности.