Кристина Агилера и Алехандро Фернандез го објавија музичкиот спот за песната „Hoy Tengo Ganas De Ti“.
Во видеото, музикалниот пар со многу емоции ја пее романтичната балада. Агилера влегува во улогата на заводничка која сензуално се движи пред камерата.
Оригиналната верзија на „Hoy Tengo Ganas De Ti“ е напишана и изведена од шпанскиот пејач Мигел Гаљардо во 70-тите години. Фернандез и Агилера ја препеаја песната за популарната теленовела „La Tempestad“.