Камила Кабејо на Денот на таткото го објави музичкиот видеозапис за песната „First Man“.
Видеото за баладата посветена на нејзиниот татко Алехандро е компилација од приватни снимки од детството.
„Тато, ова го направив за тебе. Ти благодарам што ме сакаш безусловно, екстремно силно и константно. Ти благодарам што ми покажа што е љубов и како да бидам сакана. Секогаш ќе бидам твоето мало девојче. Те сакам тато, благодарам што си мојот херој, среќен Ден на таткото“ – пишува таа.
23-годишната пејачка на годинашните Греми награди го расплака татко си токму со изведбата на оваа песна.