Калиопи го објави новиот сингл „Пресуда“ заедно со спот. Тажната љубовна песна на
„Во оваа песна уживав во секој тон, во секоја буква и збор. 'Пресуда' е тажна љубовна песна... А јас открив дека понекогаш и тажните љубови можат да бидат убави. Длабоко верувам дека публиката ќе ја засака, а можеби понекој и ќе се пронајде во неа. Му благодарам на Ромео Грил што и овој пат мајсторски и вешто ги допре моето срце и душа, и што ме чини бесмртна. Пресреќна сум што премиерно ќе можам да ја отпеам ПРЕСУДА во живо на мојот концерт на 23.11 во Сава Центар во Белград“ - вели Калиопи.