Непосредно пред велигденските празници, Влатко Лозаноски го објави видеозаписот за песната „Километри“ и допре до срцата на Македонците кои подолго време не живеат во својата татковина.
Новото дело на 32-годишниот кичевчанец деновиве е меѓу најпрегледуваните видеа на YouTube за Македонија. Погледнете го:
Видео
Автори на „Километри“ се Лазар и Магдалена Цветкоски, а спотот е дело на „Веста продукција“ од Битола.
Синглот ќе биде дел од третиот по ред студиски албум на Лозано, насловен „Десет“.