Македонски музички ѕвезди се обединија и во пресрет на Бадник и Божиќ возобновија позната божиќна песна која многу години се пеела во битолскиот крај.
На иницијатива на Бигорскиот манастир, Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Љубојна, Next Time и Златните славејчиња ја препеаја песната „Небо и земја“, која денес беше објавена заедно со видеозаписот.
Погледнете го спотот за „Небо и земја“ во изведба на македонските поп пејачи:
Со овој видео спот се најавува најголемиот Божиќен настан во регионот. Недела, 6-ти јануари, од 11 часот, во Скопје, на плоштадот пред Црквата Св. Димитриј, ќе се одржува ГОЛЕМА БОЖИЌНА МАНИФЕСТАЦИЈА со Божиќен концерт и Божиќна претстава на коишто ќе им претходи топол дочек на коледарчињата преку Камениот мост со бесплатни Бадникови чајчиња и колачиња за секое дете.
„ПРАЗНУВАМЕ, СЕ РАДУВАМЕ!“ – е мотото на овогодишната манифестација на која сѐ ќе биде бесплатно за сите, со надеж дека радоста и топлината на Бадник и Божиќ ќе ја почувствува секое детско срцe.