Шакира ги изненади своите фанови со уште еден спот за „La La La“, но овој пат за верзијата за Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи во Бразил.
На сексапилната Колумбијка во видеото ѝ се приклучуваат група фудбалери, меѓу кои Пике, Нејмар и Меси. Исто така, во еден момент се појавува и малото синче на Пике и Шакира, Милан.
Песната е дел од официјалниот музички албум за Светското првенство во фудбал, „One Love, One Rhythm“.