Шакира го објави својот нов спот за песната „Rabiosa“, за која соработуваше со Pitbill.
Во видеото, 34-годишната колумбиска пејачка изгледа многу слатко како бринета со боб фризура, а во одредени кадри се појавува како секси русокоса која танцува во црна долна облека на стриптиз шипка.
Спотот бил сниман во Барселона и требало да се појави во јули, но бидејќи популарноста на песната опаднала, тимот на Шакира ја поместил премиерата порано.
„Rabiosa“ е дел од најновиот студиски албум на Шакира, „Sale El Sol“, кој е во продажба од октомври минатата година.