Тејлор Свифт му даде зелено светло на спотот за песната „Ours“. Во него, 21-годишната пејачка доживува досаден ден на работа, но го издржува затоа што знае дека по работното време ќе го пречека својот сакан (Зак Гилфорд) кој се враќа од војска.
Тејлор точно си замислила како сака да изгледа нејзиниот нов спот, а потоа му се обратила на режисерот Деклан Вајтблум за да ја претвори нејзината замисла во визуелна приказна. „Имав дефинитивна идеја за тоа какво сакав да биде видеото“ – изјавила Тејлор за E! News.
„Ours“ е петтиот сингл од хит-албумот на Свифт, „Speak Now“.