По музичка соработка која резултираше со „Suit & Tie“, Џеј Зи и Џастин Тимберлејк сакаат да го повторат успехот со дуетот „Holy Grail“, а денес беше објавен видеозаписот за истиот.
Музичките ѕвезди го објавија видеото ексклузивно на Facebook. Во спотот режиран од Ентони Мендлер, Џеј Зи пее за негативните аспекти на славата.
Фановите на Курт Кобејн ќе забележат дека „Holy Grail“ содржи дел од незаборавниот хит на Nirvana, „Smells Like Teen Spirit“.
„Holy Grail“ е дел од новиот музички албум на Џеј Зи, „Magna Carta Holy Grail“.