Тијана Дапчевиќ и Фрајле повторно соработуваа на нов музички проект.
43-годишната пејачка и популарниот женски бенд од Нови Сад ја преработија песната „Негатив“ на Тијана од 2002 година.
Во видеозаписот, петте музичарки се облечени во различни бои.
Претходно, Дапчевиќ и Фрајле заедно ја имаа снимено песната „Животе крени“.