Тијана Дапчевиќ настапи на евровизиската сцена во Копенхаген, Данска. Познатата пејачка енергично запеа на англиски јазик, забавувајќи ја бројната публика со „To The Sky“.
Музиката за песната ја подготвија Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, додека Димитров стои и зад аранжманот и продукцијата. За текстот на „To The Sky“ се погрижија Елена Ристеска и Дарко, во консултација со Лаура Роска од Романија.
Наскоро ќе дознаеме дали Тијана ќе ја однесе Македонија во финалето.