Тијана Дапчевиќ го прифати предизвикот да ја имитира Лејди Гага во „Твоето лице звучи познато“ и победи.
41-годишната пејачка го копираше настапот на музичката ѕвезда на последната спектакуларна ревија на Victoria’s Secret.
Дапчевиќ најпрво ја испеа „A-YO“, а додека ја изведуваше „Million Reasons“, покрај неа дефилираа модели во костими како „ангелите“ на популарниот бренд за долна облека.
Наградата од 1.000 евра, Тијана одлучи да ја донира за Центарот за лица со посебни потреби во Скопје.
Во претходната епизода, Тијана влезе во улогата на Здравко Чолиќ, а следната епизода ќе го имитира Џастин Тимберлејк.