Скајлар Греј и Еминем направија откачен спот за саркастичната песна „C'mon Let Me Ride“. Спотот е пародија на денешната поп култура.
На почетокот на видеото Скајлар се обидува да заведе маж, но тој воопшто не ѝ обрнува внимание и упорно зјапа во списание со провокативни модели. Само неколку моменти подоцна таа смислува план како да им се одмазди на разголените девојки кои позираат за списанија со тоа што станува пластичен хирург и нуди бесплатен солариум.
Погледнете како Скајлар и Еминем исмејуваат одредени аспекти на поп културата денес.