Калиопи ја збогати својата музичка дискографија со уште една песна. На своите обожаватели таа им ја подари „Кад осване“.
Како и многупати претходно, така и овојпат, Калиопи соработуваше со нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил. Тој ги потпишува музиката, текстот, аранжманот и продукцијата на песната.
„Песната ‘Кад осване’ (Кога ќе раздени) никого нема да остави рамнодушен.Тоа е песна која буди од длабок сон, раздвижува и ја враќа надежта за подобри денови!Кога ја слушнав прв пат, бев пресреќна што добив ваква песна. Ромео и овој пат се надмина себеси, а тоа му успева речиси 40 години, колку што веќе соработуваме заедно...“
„За неполни 5 месеци добив две големи песни! Дуетската 'Знам', со мојот пријател Жељко Самарџиќ, која веќе со молскавична брзина се врежа во срцата на публиката, а сега исто така длабоко верувам дека 'Кад осване' ќе биде песна за која ќе се зборува и која што многу ќе се пее! Имаме нов хит!“ – изјави Калиопи.