Енрике Иглесијас го објави спотот за „El Perdedor“. Во видеото 38-годишниот пејач ја пее емотивната балада на свечена вечера на која присуствува и неговата сакана со друг маж.
За „El Perdedor“ Иглесијас соработуваше со мексиканскиот музичар Марко Антонио Солис.
Ова е втор сингл на шпански јазик од новиот албум на Енрике кој ќе биде објавен во текот на годинава.