Ријана влегува во улога на психијатар во спотот за хитот „The Monster“. 25-годишната пејачка го набљудува пациентот Еминем додека тој се навраќа во минатото.
Во спотот се прикажани некои од најзначајните моменти во животот на Еминем на личен и професионален план. На крајот 41-годишниот рапер се соочува со Еминем од минатото, кој е како заробено „чудовиште“.
Видеото било снимено во Детроит минатиот месец. Режисер е Рич Ли, којшто претходно соработуваше со Еминем за спотот за „Not Afraid“.
„The Monster“ е дел од новиот албум на славниот рапер, „The Marshall Mathers LP 2“, а во моментов е на врвот на Billboard's Hot 100.