Ријана е најпопуларната славна личност на Facebook. 24-годишната музичка ѕвезда го надмина Еминем по бројот на обожаватели за да застане на челната позиција.
Моментално Ријана има над 61.666.000 обожаватели, додека Еминем е веднаш зад неа со 61.314.000 фанови.

На третото место е Шакира со над 54.950.000 фанови, а на четвртото е Лејди Гага со 53.250.000 „лајкови“.
Мајкл Џексон е на петтото место со 51.980.000 фанови, Кристијано Роналдо е на шестото со 49.850.000 фанови, Кети Пери е на седмото со 47.801.000 фанови, Џастин Бибер го има осмото место со 46.795.000 фанови, Linkin Park се на деветтото место со 45.340.000 фанови, а Ејкон е на десеттото со 41.860.000 фанови.