Андреа Коевска активно ја промовира песната со која ќе нè претставува на овогодишното издание на Евровизија.
22-годишната пејачка штотуку го објави официјалниот спот за „Circles“.
За музиката и аранжманот се погрижи Александар Масевски, кој текстот го напиша заедно со Андреа.
Андреа ќе настапи на втората полуфинална вечер, што ќе се одржи на 12 мај во Торино, Италија.
