Алиша Кис пее за осаменоста и изгубената љубов во спотот за баладата „Tears Always Win“.
Во видеото, познатата R&B дива работи како танчарка и пејачка во Лас Вегас, која не може да престане да мисли на својот поранешен партнер.
„Tears Always Win“ е напишана од Алиша и пејачот Бруно Марс. Тоа е петтиот сингл од петтиот студиски албум на 32-годишната музичка ѕвезда, „Girl On Fire“.