Ријана се одмаздува во експлицитниот видеозапис за „Bitch Better Have My Money“. Музичката ѕвезда киднапира жена чиј богат маж ѝ должи пари.
27-годишната пејачка со својата дружина ја измачува жената со цел да си ги добие парите, но на крајот нејзина жртва е безмилосниот маж, кој всушност е актерот Мадс Микелсен.
„Bitch Better Have My Money“ е втор сингл од новиот албум на Ријана, кој ќе биде објавен годинава.