Псај го објави продолжението на „Gangnam Style“, најпопуларното видео кога било објавено на YouTube.
Во спотот за песната „Gentleman“, 35-годишниот рапер танцува низ луксузни продавници и ресторани, притоа однесувајќи се неџентлменски кон повеќе привлечни девојки. Додека во видеозаписот за „Gangnam Style“ Псај го промовираше „јавачкиот“ танц, новиот танц со кој откачениот музичар цели да си ја задржи светската слава вклучува заводливо нишање на колковите.
Спотот за „Gentleman“ веќе има над 22 милиони прегледувања на YouTube. Иако е тешко веројатно дека ќе стигне до 1,5 милијарди прегледувања колку што има „Gangnam Style“, новиот спот очигледно веќе е хит.