Тијана Дапчевиќ не успеа да ја придобие евровизиската публика.
Покажувајќи го долгогодишното музичко искуство, славната пејачка се погрижи да има силен настап во Копенхаген, но изведбата на „To The Sky“ очигледно не беше доволна за влез во големото финале.
Потсетете се на настапот на Тијана:
Музиката за песната ја подготвија Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, додека Димитров стои и зад аранжманот и продукцијата. За текстот на „To The Sky“ се погрижија Елена Ристеска и Дарко, во консултација со Лаура Роска од Романија.