Есма Реџепова и Влатко Лозаноски настапија на големата сцена во Малме, Шведска. Македонските претставници ја изведоа композицијата „Пред да се раздени“.
Композицијата „Пред да се раздени“ е дело на Лазар Цветкоски и Дарко Димитров, аранжманот го направи Дарко Димитров, а за текстот е заслужна пејачката Магдалена Цветкоска – Ена, додека зад делот на Есма како комплетен автор стои Симеон Атанасов.