Данска со Емели де Форест победи на Евровизија. 20-годишната пејачка ја освои европската публика со песната „Only Teardrops“ на финалето кое се одржа во Малме, Шведска.
„Веднаш штом ја слушнав песната, се вљубив во неа. Има меланхолично чувство во неа. Се пее за војната и мирот, во врските и во светот како цело. Верувам дека со овие проблеми можат да се поврзат луѓето од целиот свет“ – изјавила Емели, која секогаш настапува на сцената боса.
Според бојот на гласовите, Азербејџан остана на второто место.
Украина со вкупно 214 поени застана трета на финалната листа.