Изминатиот викенд се одржа „Беовизија“, каде за овогодишен евровизиски претставник на Србија беше избрана Невена Божовиќ.
На сцената во Белград, Жељко Јоксимовиќ настапи со песната „Лане моје“, со која ја претставуваше Србија и Црна Гора на Евровизија во 2004 година.
Српскиот пејач и талентираните музичари кои го придружуваа се појавија во истата облека во која настапија на евровизиската сцена пред 15 години.
„Екипа непромената, истото одело, емоциите можеби и посилни“ – напиша јоксимовиќ на Instagram.
Потсетете се на неговиот настап со „Лане моје“ во 2004 година, кога го освои второто место на Евровизија.