Елена Ристеска по кратка пауза се враќа на музичката сцена со динамичен спот за песната „Опасно време“.
Во видеото, кое е снимано на повеќе локации во Скопје и Охрид, 26-годишната пејачка се обидува да ја одржи љубовната врска која нејзините родители не ја одобруваат.
Како вистинска бунтовничка, Елена му се спротивставува на својот татко и на крајот бега од дома за да се избори за страсната љубов со авантуристички настроено тетовирано момче кое не се плаши да живее ризично.
Режисер на спотот е Даниел Јовески, а покрај Елена, во главните улоги се и Славиша Кајевски (бунтовниот дечко) и Нино Леви (таткото).
Во спотот Елена го покажува и својот нов похрабар имиџ – црвена коса и зелени очи.