Во пресрет на Бадник и Божиќ, македонските музички ѕвезди се здружија и ја препеаја една од најпознатите божиќни песни „Вечниот Бог“.
Во проектот инициран од Бигорскиот манастир, што има за цел да внесе празнична атмосфера на љубов и радост во секој дом, се вклучија Елена Ристеска, Даниел Кајмакоски, Викторија Лоба, Тамара Тодевска, Next Time, Димитар Андоновски, Влатко Лозаноски, како и „Златните славејчиња“, кои на 6-ти јанари ќе ги предводат Бадниковите поворки низ цела Македонија.
Погледнете го новиот спот за песната „Вечниот Бог“ во изведба на македонските поп пејачи:
Погледнете и фотографии кои ѕвездите ги споделија од снимањето на песната и спотот.