Во спотот за новиот сингл „Little Bad Girl“, Дејвид Гета прави луда забава без крај заедно со Тајо Круз и Лудакрис.
Додека Гета се грижи за „заразниот“ звук, Тајо го презема пеењето, а Лудакрис е задолжен за рапувањето.
„Little Bad Girl“ е вториот сингл од новиот албум на Дејвид, „Nothing But the Beat“. Овој албум, кој допрва треба да се појави на музичкиот пазар, содржи многу интересни соработки на познатиот диџеј со имиња како Ники Минаж, Крис Браун, Лил Вејн, Џенифер Хадсон, Џеси Џеј и сл.