Музичката соработка на Дејвид Гета и Ники Минаж, која носи наслов „Turn Me On“, доби и видео запис. Во спотот 29-годишната пејачка заедно со францускиот диџеј поминуваат низ мрачен дел од град и се опкружени со луѓе-кукли и голи манекени.
„Turn Me On“ ќе биде дел од новиот албум на Ники Минаж, „Pink Friday: Roman Reloaded“, а исто така беше вклучена и во најновиот албум на Дејвид Гета, „Nothing but the Beat“.