Дејвид Гета и Ашер го обединуваат светот за да направат голема луда забава во спотот за „Without You“.
Францускиот диџеј со својот моќен ритам предизвикува зближување на континентите, додека Ашер ја пренесува пораката на песната.
„Without You“ е дел од последниот 5-ти студиски албум на Гета, „Nothing but the Beat“. Оваа музичка соработка без сомнежи ќе стане хит во ноќните клубови. Песната веќе се има искачено до 8-мото место на топ листата Billboard Hot 100.