Дејвид Боуви ја прекина долгогодишната тишина со нова песна и најава за нов албум. Ѕвездата која се прослави со „Space Oddity“, а подоцна направи хитови како „Let’s Dance“, денес го прослави својот 66. роденден со објавувањето на новиот сингл „Where Are We Now?“.
Во меланхоличното видео за песната се прикажани црно-бели снимки од Берлин во 70-тите години, кога Боуви престојувал таму.
„Where Are We Now?“ е дел од претстојниот албум на Боуви, „The Next Day“, кој ќе биде објавен во март годинава.
Боуви за последен пат настапи во 2006 година и исчезна од музичката сцена, што доведе до шпекулации дека има сериозни проблеми со здравјето. Гласините за влошеното здравје многупати беа оценувани како лажни од блиски на Боуви.