Бритни Спирс доби помош од своите синови при снимањето на спотот за песната „Ooh La La“. Во музичкото видео, 31-годишната пејачка танцува меѓу штрумфови додека 6-годишниот Џејден Џејмс и 7-годишниот Шон Престон љубопитно ја набљудуваат на голем екран.
„Ooh La La“ е дел од саундтракот за новиот филм за штрумфовите „Smurfs 2“. Бритни открила дека нејзините синови се големи обожаватели на малите сини суштества, па затоа и ја прифатила музичката соработка.