Кончита Вурст стекна светска слава по победата на Евровизија. 25-годишната ѕвезда од Австрија присуствуваше на хуманитарна гала вечер на amfAR (Американската фондација за истражување на сидата), која секоја година се одржува во рамките на Канскиот филмски фестивал.
На свечената вечера „Cinema Against AIDS“ во Антиб, Кончита се појави во долг блескав фустан.
Кончита, чие вистинско име е Томас Том Нојвирт, позираше пред насобраните фото-репортери заедно со Гери Кесцлер, главниот организатор на Life Ball, најголемиот европски хуманитарен настан за поддршка на лицата со ХИВ и сида.
На хуманитарната гала присуствуваа многу ѕвезди како Леонардо Дикаприо, Џон Траволта, Шерон Стоун, Хајди Клум, Алесандра Амбросио, Ирина Шајк, Никол Шерцингер, Џејн Фонда, Карла Бруни, Кајли Миног, Ева Херцигова, Џесика Частеин, Лана Дел Реј, Тони Гарн и Карли Клос.