Пред речиси една година Бијонсе ги изненади своите обожаватели со објавувањето на ненајавен визуелен албум. Станува збор за албумот „Beyoncé“, кој вклучува 14 песни и 17 музички спота од кои неколку беа промовирани во текот на годинава.
Денес славната пејачка ги објави на својот Vevo канал сите видеозаписи од албумот. Меѓу музичките соработници на Бијонсе се Џеј Зи, Дрејк, Фарел Вилијамс, Мишел Вилијамс, Кели Роланд и Џастин Тимберлејк.
Објавувањето на спотовите е по повод пуштањето во продажба на проширеното издание на албумот „Beyoncé (Platinum Edition)“, кое ќе ги вклучува и новите песни „Ring Off“ и „7/11“.