Музичкиот бенд Florence and the Machine го објави видеозаписот за песната „Breath of Life“, напишана специјално за филмот „Snow White and the Huntsman“.
Спотот во најголем дел се состои од сцени од бајковитиот филм, во кој главните улоги ги имаат Шарлиз Терон (злата кралица) и Кристен Стјуарт (Снежана).
На почетокот се појавува и пејачката Флоренс Велч со голем хор во позадина. Флоренс изјавила дека инспирација за песната црпела од ликот на лошата кралица. „Кралицата е неверојатен лик. Толку гладен за живот, а толку мртов внатре. Таа на некој начин е вечна, но внатре во неа нема ништо“ – изјавила таа.