Шарлиз Терон и Кристен Стјуарт зачекорија по тревен тепих во Лондон за светската премиера на нивниот заеднички филм „Snow White and the Huntsman“.
За специјалниот настан, двете холивудски актерки избраа црни долги развеани фустани во гламурозен готик стил, кои се проѕираа во долниот дел за да ги истакнат нивните долги нозе.
Шарлиз мамеше воздишки во тоалета на Диор. 36-годишната русокоса убавица изгледаше отмено и секси.
Кристен Стјуарт носеше чипкан фустан на Маркеза кој изгледаше многу елегантно одназад, а малку хаотично во предниот дел.
Иако во филмот двете се најголеми непријателки, на премиерата покажаа дека уживаат во заедничкото промовирање на истиот.
На премиерата беа присутни и главните актери во филмот – Крис Хемсворт и Сем Клафлин.