Спотот за првиот официјален постхумен сингл на Мајкл Џексон „Hold My Hand“ ја доживеа својата премиера. Видеото е режирано од Марк Пелингтон и е снимано во Калифорнија. Во спотот учествуваат вистински обожаватели на Мајкл Џексон, па токму поради тоа е и многу емотивен.
„Hold My Hand“ е дует на Мајкл Џексон и Ејкон, кој бил снимен уште во 2007г., а сега ќе се најде на првиот постхумен албум на Мајкл.
Новиот албум ќе биде пуштен во продажба за 5 дена, а содржи и дуети со 50 Cent и Лени Кравиц.