Незаменливата ѕвезда Мајкл Џексон, кој почина во јуни на 50-годишна возраст, отсекогаш имал желба да биде создаден негов клон. Таа негова желба донекаде и му е исполнета, затоа што постои можност да биде создаден виртуелен „близнак“ на Мајкл.
Во текот на 1996г. популарниот пејач се подложил на неколку тридимензионални скенирања, со цел денес да може да се создаде виртуелен клон. Се верува дека тие скенирања може да бидат искористени за да го вратат Мајкл во музички спотови, компјутерски игри или дури и во филмови.
Снимките ги поседува анонимен американски бизнисмен, кој се обидувал да ги продаде по цена од 1 милион долари. За Britain’s Daily Star тој изјавил:
“
Податоците се во нашата архива од моментот кога беа направени скенирањата. Тие податоци го прават Мајкл бесмртен на возраст од 37г., кога неговиот нос не беше деформиран и кога беше во цутот на неговиот живот.
Кратко по смртта на големиот пејач насекаде се пишеше за тоа колку тој бил опседнат со бесмртноста. Мајкл дури и присуствувал во 2002г. во Лас Вегас на конференција за клонирање на луѓе.