Бијонсе го објави вториот официјален сингл од новиот албум. 29-годишната дива го остави денс звукот и африканските тапани кои преовладуваа во „Run the World (Girls)“ и се врати кон моќните балади по кои многумина ја препознаваат.
„Best Thing I Never Had“ е бавна љубовна песна напишана од Babyface. Се верува дека оваа балада ќе добие поголема популарност од првиот сингл на познатата R&B пејачка.
Песната е дел од претстојниот албум на Бијонсе, насловен како „4“, кој треба да биде пуштен во продажба на 28 јуни.