Бијонсе нема намера да остане во сенка за време на бременоста. 30-годишната пејачка со гордост го покажува големото стомаче во новиот спот за „Countdown“.
Видеото е динамично, ретро и колоритно. Повеќе од очигледно е дека режисерката Адриа Пети инспирацијата ја црпела од 60-тите години и од стилот на модната икона Одри Хепберн.
„Countdown“ е дел од последниот музички албум на Бијонсе, „4“.