Бијонсе прави летна забава покрај базен во новиот спот за песната „Party“. Во песната, покрај сопругата на Џеј-Зи се слуша и рапувањето на Џеј Кол.
Спотот е забавен и ја прикажува Бијонсе во многу колоритни костими. Во видеото како специјални гости се појавуваат и Соланж (сестрата на Бијонсе) и Кели Роланд.
Иако „Party“ не е официјален сингл на 30-годишната пејачка, тоа е шестата музичка нумера од нејзиниот последен албум којашто добива видео запис.