Били Ајлиш го објави спотот за новата песна снимена за филмот „Barbie“.
Во видеозаписот за „What Was I Made For?“, 21-годишната пејачка си игра со облека за кукли и пее дека не е сигурна која е нејзината цел во животот откако ќе открие дека не е реална.
„Ова видео ме расплакува. Многу ми значи и се надевам дека ќе ви значи и вам“ – напиша таа на Instagram.
Песната е дел од саундтракот за „Barbie“, а за нејзиното создавање Били повторно соработуваше со својот брат и долгогодишен соработник Финеас. За новиот спот, познатата музичарка влезе и во улогата на режисерка.