Стилската еволуција на Били Ајлиш достигна ново ниво. Музичката ѕвезда се појави на Мет Гала во гламурозно издание инспирирано од „стариот Холивуд“.
Волуменозната креација е дело на Оскар де ла Рента, а Ајлиш се согласила да соработува со модната куќа само под услов да не користат природно крзно во идните колекции.
Брановидната руса коса во комбинација со елегантниот фустан и накитот од Картие несомнено поттикнува асоцијации со Мерилин Монро. Но, Ајлиш изјави дека стајлингот е инспириран од празнична Барби кои таа ја обожавала како мала.
Со цел да се зачува моментот на изненадување, 19-годишната пејачка излезе од својот хотел со цел тим кој се погрижи да биде покриена со чаршафи.
Били беше дел од малата екипа домаќини на хуманитарниот настан во која годинава на Ана Винтур ѝ се приклучија и актерот Тимоти Шаламе, тенисерката Наоми Осака и поетесата Аманда Горман.