Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Били Ајлиш со пинап провокативна фотосесија за „Вог“ го покажа новиот изглед

Били Ајлиш со пинап провокативна фотосесија за „Вог“ го покажа новиот изглед

Били Ајлиш сними фотосесија за „Вог“.

За британското модно списание, 19-годишната пејачка покажа сосема невообичаен изглед со руса коса. Младата музичарка, која сме навикнати да ја гледаме во широка облека, го разголи своето тело во провокативни корсети од Burberry, Mugler, Valentino и Alexander McQueen, откривајќи ја својата тетоважа.

Били Ајлиш Били Ајлиш

„Мојот став е дека можам да правам сè што ќе посакам. Треба да го правиш она што прави да се чувствуваш добро. Ако сакаш да си направиш операција, направи си операција. Ако сакаш да носиш фустан и некој смета дека си преголема за него, зае*и – ако чувствуваш дека изгледаш добро, изгледаш добро“ – рече таа во интервјуто во кое призна дека главна причина за нејзината депресија во минатото била телото.

„Поради начинот на кој ме гледа светот, јас не се чувствував вистински посакувано“ – рекла таа, откривајќи дека се чувствува „повеќе како жена“ со руса коса.

Били Ајлиш Били Ајлиш

Фотосесијата беше снимена откако Ајлиш ја објави новата песна „Your Power“ која ќе биде дел од нејзиниот нов албум „Happier Than Ever“.

„Ми се допаѓаат овие фотографии и ми се допаѓаше да ја снимам оваа фотосесија. Прави го она што го сакаш, кога и да посакаш“ – пишува Ајлиш на Instagram.

Били Ајлиш

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19815 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.