Македонскиот бенд Brass Brothers има нова песна и видеозапис.
Песната „Take my Hand” ја следи динамичната енергија по која бендот е веќе препознатлив на музичката сцена.
„Take my Hand” е уште еден одличен спој на дувачки инструменти и моќни вокали, збогатен со иновативни примеси нa Drum and Bass Liquid Funk. Со позитивната енергија, карактеристична за бендот, песната ни ја пренесува најмоќната порака, дека љубовта е таа што ќе не одржи во овие предизвикувачки времиња.
Текстот и музиката ги потпишува Горан Мицевски Кус, додека аранжманот на песната е заедничко дело на Ненад Тодоровски – Todd Haze, Ристе Шандаров и Горан Мицевски Кус.
„Take my Hand” е третиот сингл од нивниот авторски албум „Balkan Mayhem” и e достапна за преслушување и купување на сите светски дигитални платформи и дигитални музички продавници.
Brass Brothers оваа година издадоа две авторски песни „Inseparable” и „Winner”.
Brass Brothers е формиран пред 8 години и во него членуваат Горан Мицевски Кус (тромбон), Костадин Бетоски (саксофон), Пере Мелов (труба), Николче Михајловски (Dj) и Ник де Карло (туба). Brass Brothers функционираат како кавер бенд препознатлив по динамичните живи настапи и зад себе ги имаат авторските нумери Време Невремена македонски јазик и Inseparable и Winner на англиски јазик.