Бијонсе, Кели Роланд и Мишел Вилијамс ја враќаат на сцената познатата женска група Destiny's Child. Трите пејачки се обединија за да ја снимат првата песна по нивниот последен албум „Destiny Fulfilled“ од 2004 година.
Музичката нумера го носи насловот „Nuclear“, а трите ѕвезди ќе ја изведат за време на полувремето на Super Bowl.
„Nuclear“ е дел од компилацискиот албум на Destiny's Child, „Love Songs“, кој ќе биде објавен на 29 јануари.